Десет најважни работи во надворешната политика во 2019 година


Нова година е, а тоа е нова можност да се предвидуваат големите настани и трендови кои ќе го потресуваат светот во 2019 година. Овде се презентирани предвидувањата за првите десет тренда (плус еден бонус-тренд) кои ќе ги окупираат европските креатори на надворешната политика во 2019 година.

1. Трамп ја презема контролата врз надворешната политика на САД

Со Џејмс Матис, кој поднесе оставка во Пентагон, Џон Кели, кој ја напушта функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа, а Х.Р. Мекмастер, Гери Кон и Рекс Тилерсон одамна ги нема на нивните позиции, сите возрасни сега ја напуштија собата. Оваа година претседателот Доналд Трамп конечно ќе ја префрли контролата врз неговата надворешна политика на единствената личност која му покажа конзистентна лојалност и во кого има целосна: на себе самиот. Очекувајте неконзистентност, хаос и можеби катаклизма. Се чувствуваме сигурни во ова предвидување – иако помалку уверени дека ќе преживееме за да земеме кредит за тоа.

2. Импичмент за Трамп од демократите во Конгресот

Новиот демократски Дом на претставници беше избран да преземе акција против Трамп, имплицитно со импичмент. Иако раководството на демократите разбира дека импичментот нема да им помогне на демократите да ја преземат Белата куќа, доаѓањето на Конгресната класа ќе инсистира на започнување на постапката за импичмент во 2019 година. Сепак, претседателот Трамп нема да биде отстранет; всушност, отповикувањето нема значително да го оштети неговиот рејтинг или изгледите за реизбор во 2020 година.

3. Процесот на денуклеаризација на Северна Кореја се распаѓа

Веќе стана јасно дека САД и Северна Кореја имаат многу различни идеи за тоа што значи денуклеаризација кога тие се согласија за тоа на Самитот во јуни 2018 година во Сингапур. Во 2019 година овие разлики повторно ќе се излезат на површината и ќе ги вратат поранешните противници во деновите на пред сингапурскиот самит со обвинувања, меѓусебни закани за „оган и бес“ и шпекулации за војна.

4. Кина ќе поднесе апликација за приклучување на ЦП-ТПП

Во 2019 година Кина ќе се обиде да се приклучи на Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнерство (ЦП-ТПП) од 11 нации, со кој се замени оригиналниот ТПП, од кој САД се повлече речиси веднаш откако Трамп стана претседател. Притоа, Кина ќе сака да покаже дека таа повеќе поддржува глобален поредок отколку САД и да го обликува ЦП-ТПП за своите интереси.

5. Кризата во Украина ќе се рашири

Во 2019 година очекуваме да видиме повеќе одблесоци во конфликтот меѓу Русија и Украина како на копно така и на море. Украинскиот претседател Петро Порошенко ќе ги искористи инцидентите за да добие предност во претстојните украински избори; неговиот руски колега Владимир Путин ќе ги искористи за да ја зголеми својата популарност во Русија. Сепак, овие одблесоци нема да доведат до целосна војна меѓу нивните земји.

6. Глобалната криза предизвикува финансиска криза во Турција

Светската економија нема да влезе во општата криза во 2019 година. Но значајниот пад во глобалниот раст ќе предизвика криза во земјите кои веќе се наредени за финансиска пропаст. Главна меѓу нив ќе биде Турција, која ќе се соочи со финансиска криза и ќе биде принудена – и покрај ветувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во спротивното – да ја разгледа програмата на ММФ.

7. Саудиска Арабија се помирува со САД и Европа

Во 2019 Саудиска Арабија ќе се обиде да ги поправи своите односи со Европа и САД преку симболични акти на каење поради убиството на новинарот Џамал Кашоги, војната во Јемен и репресијата на домашните активисти за човекови права. Овие козметички напори за помирување нема да бидат доволни за замена на Мохамед бин Салман како престолонаследник, но Европа и САД благодарно ќе го прифатат извинувањето.

8. СТО де факто ќе колабира

САД продолжуваат да го блокираат назначувањето на судиите на апелацискиот суд на СТО во механизмот за решавање спорови. Во почетокот на 2019 година судот ќе достигне точка во која нема повеќе судии што ќе функционираат. Отсуството на капацитет за донесување одлуки за жалбите, механизмот за решавање спорови – и пошироко, СТО – ќе престане да функционира. Без да се проверува протекционистичкото однесување, разни држави, особено САД, ќе почнат да го уништуваат и духот и буквата на правилата на СТО.

9. Популистите започнуваат двојно движење

Во 2019 популисти ќе откријат дека не се имуни на незадоволството на власта. Гласачите ќе се заморат од популистичката власт во Полска, каде што владејачката партија имаше големи загуби на локалните избори, а во Унгарија протестите против владата ќе продолжат да растат. Но, популистите ќе направат изборни придобивки на места каде што сè уште не стекнале моќ: ќе го видиме Националното обединување на Марин Лепен во Франција, а Алтернативата за Германија ќе има рекордни гласови на изборите за Европскиот парламент во мај. Како резултат на тоа, антиинтегративните партии ќе имаат околу една третина од местата во Европскиот парламент кој го мразат и ќе се обидат да ја обликуваат новата Европска комисија.

10. Европа размислува за дигитален данок

Неколку европски земји ќе го следат францускиот пример во воведувањето дигитален данок чија цел се претежно американски и кинески технолошки компании. Овој даночен бунт од земјите членки ќе ја принуди Германија и Европската комисија да се вратат на идејата за дигитален данок на европско ниво, што ќе ги влоши трансатлантските трговски тензии.

Бонус: „Брегзит“ ниту ќе успее ниту ќе пропадне

Предвидувањата за „Брегзит“ е како да се предвиди времето во Обединетото Кралство: она што ќе се случи е речиси невозможно да се предвиди, но речиси сигурно ќе биде лошо. Малку е веројатно дека ќе има уште едни општи избори или „Брегзит“ без договор. И додека народното гласање за напуштање на Европската Унија се претвори од фантазија до далечна можност, сè уште е поголема веројатноста Долниот дом да ја донесе сложената верзија на договорот на премиерката Тереза Мај при второто или третото гласање. Меѓутоа, дури и Велика Британија официјално да ја напушти ЕУ во март, преговорите за крајната состојба на односите меѓу двете страни ќе продолжат уште многу години, а британската внатрешна политика ќе остане поделена како и секогаш на оваа тема. Гласачите ќе продолжат да изразуваат навреденост дека политичарите сè уште зборуваат за „Брегзит“, а нема да нудат корисно водство.

(Европски совет за надворешни работи)