Атина го објави договорот за името


Попладнево грчкиот весник „Катимерини“ го објави договорот меѓу Македонија и Грција. Договорот има 19 страници. Неговата содржина можете да ја прочитате ТУКА.

Во текстот двете земји се пишуваат како „прва” и „втора” страна, понатаму пишува дека официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија” што ќе биде уставно име на Втората страна и ќе се употребува ерга омнес, како што е предвидено во оваа Спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија”.

Во наредниот член стои дека државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.

„Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде ‘македонски јазик’, како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржава во Атина во 1977 година”, се наведува во текстот.Термините „Македонија” и „македонски” дополнително се објаснуваат.

Што се однесува до кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде NM или NMK, а за сите други намени кодот на земјата останува да биде МК и МКД.

Во однос на  важноста на постоечките документи и материјали кои се издадени од македонските институции, двете странин се договориле да има два транзицски периоди:

-техничка што се однесува на сите официјални материјали од јавната администрација за меѓународна употреба и оние за внатрешна употреба што може да се употребуваат надвор. Тие мора да бидат обновени во согласност со договореното име и термините најдоцна во рок од пет години од стапувањето на сила на Договорот.

-политичката транзиција ќе се однесува на документите и материјалите кои се за внатрешна употреба. Издавањето на овие документи и материјали кои спаѓаат во оваа категорија ќе се менуваат со отворањето на секое поглавје од преговорите со ЕУ во таа област и ќе бидат комплетирани во рок од пет години.

Новото име треба да биде инкорпорирано во Уставот на Македонија. Ова ќе се направи одеднаш,односно со овој амандман, името и термините ќе се сменат во сите членови на Уставот каде се употребува уставното име. Исто така ревизијата ќе биде направена и во Преамбулата, во членовите 3 и член 49.