Џафери: Парламентот со засилен надзор над буџетските расходи

Членови на парламентите од земјите од Западен Балкан, заедно со претставници од Светската банка и од Европскиот парламент, како и регионални експерти, дискутираат во Скопје за регионална соработка и како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан.

Според Извештајот презентиран во рамки на конференцијата „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“, споредбената анализа на претходните процени на јавните расходи и финансиската отчетност во регионот на Западен Балкан за периодот 2006-2016 година, сугерира дека регионот начелно потфрла кога станува збор за законодавната контрола. Меѓутоа, како што е наведенио, успешноста не е конзистентна во сите земји. Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, на отворањето на конференцијата, рече дека надзорната функција на парламентот ја нема онаа димензијакако во високо развиените демократски држави.

„Оваа надзорна улога е особено важна кога станува збор за буџетот, бидејќи тој се полни пред се од граѓаните, а ние сме пратеници избрани во парламентот токму од граѓаните. Затоа, наша законска, но и демократска обврска е да вршиме транспарентен надзор на тоа како се трошат народните пари и дали преку буџетот се задоволуваат интересите и потребите на граѓаните, како и дали се обезбедува стабилна сегашност и развојна иднина“, рече Џафери.