Фигел: Интеграција во ЕУ значи заедничко, а не соло работење

Многу е важно во вашиот случај да се изгради концензус помеѓу политичките партии, Парламентот и граѓанското општество во врска со пристапувањето кон Европската Унија, рече Јан Фигел шеф на преговарачкиот тим на Република Словачка и поранешен евро-комесар на денешната трета сесија на тема „Пристапните преговори во Поглавјето 23 – Правосудство и основни права„, што се оддржа во Скопје во организација на Европското движење во Република Македонија.

Целта на ЕУ, како што рече Фигел, е мирот што е плод на првдата.

– Нема мир доколку нема правда. Мирот не доаѓа автоматски. Основата на мирот, и правдата и модерното меѓународното право се човековите права. 20-иот век кој беше исполнет со многу лекции како непочитувањето на човековите права носи трагедии. Тој век може да биде означен како циклус од Сараево до Сараево. Бидејќи во Сараево почна Првата светска војна и последната војна беше во 90-тите во БиХ. Како што воениот циклус се движи од Сараево до Сараево, истото треба да се однесува и на мирот. Проширувањето на ЕУ значи реобединување, рече тој.

Фигел нагласи дека не може да се преговара доколку работата е завршена и додаде дека ако работата оди напред и преговорите ќе одат напред.

-Поглавјата се отвораат според начелата. Оваа не е натпревар за мис на убавина, туку сериозна работа на поглавјето. Интеграција значи активно вклучување на сите граѓани, да заземаат улога, дека тоа влијае врз нивните животи, нивните семејства. Бидете амбициозни и реални, рече Фигел.

Во врска со пренесувањето на искуството од неговата земја, тој рече дека најважно било заедно здружени да влезат во ЕУ, дека не било лесно, но оти тоа било правилна амбиција.

-Бидејќи интеграција во ЕУ значи заедничко работење, здружување, а не соло работа. Таа соработка беше со цел прво демонтажа на минатото на комунистичките структури, особено на Варшавскиот пакт. Второ, градењето на нова Европа во 21-иот век и ова се уште е наша неостварена мисија што си ја поставуваме пред нас. Европа може и треба да направи повеќе за слободата на религија и верување, што значи слобода на мисла, слобода на свесноста. Ова е суштината на човековите права, бидејќи каде што оваа слобода се почитува ќе се почитуваат и граѓанските и политичките прави, рече Фигел.

Симонида Кацарска, директор на Институтот за европски политики-Скопје рече дека процесот на пристапување кон ЕУ и процесот на преговори всушност се во евро-процесна изработка.

-И ЕУ во голема мера за овој процес учи и го моделира процесот на пристапување на Западнио Балкан. Ги инкорпорира стандардите, позајмува од ОН и другите меѓународни организации. Прво што е најважно Унијата во оваа поглавје позајмува од други организации и овој процес на позајмување честопати се базира делумно на стандарди кои ги конципира во своите преговори. Ова најпрвин го извежба со Хрватска за чии што преговори за Поглавјето 23 времето беше пократко, бидејќи беше блокирано поради порцесот со Словенија. Поради недостатокот на јасни стандарди во оваа област постои многу простор за креирање на сопствени стандард кои би се совпаднале со европските практики. Во текот на последните шест месеци дискусиите се одвиваа околу новиот Закон за корупција, измените на Законите за судови и Судскиот совет, нагласи Кацарска.

Според Милка Ристова, судија на Врховен суд на РМ, најважен аспект е јакнењето на независноста на судството како гарант за заштита на човековите слободи и права .

-Тука сме да укажеме на некои слаби, проблематични точки во процесот на суштинските реформи што треба да се направат во судство. Предлозите за измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет и на Законот за судови од стручната и научната јавност посочуваат да се промени местото и улогата на Судскиот совет како важен орган и најважна карика во процесот на реформите. Граѓански здруженија пак укажуваат на потребата од депрофесионализација на тој орган. Тоа стоеше и во првата стратегија за реформи. Во последната верзија на законите напуштено е со аргументација дека не може судијата што е член на Судскиот совет да врши друга функција. Судијата за да стане член на Судскиот совет претходно мора да биде судија, изјави Ристова.

Ппрвобитната замисла зошто судиите треба да бидат членови на Судскиот совет, како што посочи таа,е затоа што треба да придонесаат со своето знаење за подобрување на состојбите во судството, како внатре за подобар избор и подобра контрола над работата на судиите.

-Вториот аргумент, принципот на неспоивост речиси го има во сите устави како принцип. Но сепак во повеќе земји членки во ЕУ , односно во Словенија има решение каде судиите не ја вршат таа работа професионално. Третиот аргумент укажува на недостатокот на судии и обвинители во Македонија и објективизирањето во однос на нивниот исбор и разрешување, изјави Ристова.

Околу тоа дали има законска можност за замрзнување на имот на целото семејство на поранешнит премиер Никола Груевски, Ристова рече дека судот треба да оценува.

-Времени мерки во процесот на судење не се можни, туку тоа е мерка што се изрекуваа дури откога обвинетиот ќе биде прогласен за виновен за дејствија врз основа на кои е стекнат противзаконит имот, изјави Ристова.

Одговарајќи на новинарско прашање дали според законските прописи на ЕУ може да се реализира екстрадицијата на Груевски, поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска рече дека во Македонија се уште има институции кои се надлежни за реагирање во такви ситуации, особено ако тоа го презентира како закана.

–Во ниедна институција не е побарано никаква заштита. Тој човек имаше шест телохранители кои веројатно имале некаква улога и во оваа насока требало да реагираат. Доколку имал потреба тој можел да ги побара, да побара асистенција, има органи кои се грижат за тоа. По мене тој аргумент не може да биде аргумент за политички азил, изјави Николовска.