Воздухот најзагаден во Центар, лоша е ситуацијата и во Карпош, Лисиче и Гази Баба

Најзагадена утрово, со многу висока концентрација на ПМ 2,5 честички, е Општина Центар, покажаа мерењата за квалитет на воздухот што ги објави Министерство за животна средина и просторно планирање.

Загадени со висока концентрација на ПМ 2,5 се и Карпош, Битола и Куманово, додека за останатите општини податоци нема. Единствено во Тетово мерењето покажува многу ниско ниво на ПМ 2,5.

Концентрацијата, пак, на ПМ10 се високи во речиси сите скопски општини, Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово.

Мерењата покажуваат секојдневен пораст на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност на ПМ10 која изнесува 50 микрограми на метар кубен.