Владата во Атина го преживеа тестот на доверба


Атина – Со 127 гласа „за“ и 153 „против“, грчкиот парламент ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.

Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна позиција од неговата партија и не ја поддржа владата.

Потегот на Каменос наиде на на аплаузи од Нова демократија. Но, пратеникот потоа, со одлука на претседателот Панос Каменос, беше експресно избришан од Независни Грци -која

Со обраќањето на грчкиот премиер Ципрас заврши тридневната расправа за гласање недоверба на владата, по поднесената иницијатива од Нова демократија, а поради постигнатиот договор за надминување на спорот за името со Македонија.