Зеленски: Виткоф и Кушнер доаѓаат во Украина, датумот на посетата се уште не е утврден


Киев – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Џаред Кушнер, планираат да ја посетат Украина, но точниот датум се уште не е утврден.

Зеленски тоа го соопшти на прес-конференција по средбата со норвешкиот премиер, Јонас Гар Стере, во Осло, посочувајќи дека американските претставници намерата да ја посетат Украина ја истакнале при последниот разговор од почетокот на април.

„Немаме информации кога точно ќе дојдат. Разговорот беше позитивен и тие потврдија дека ќе дојдат“, рече Зеленски.

Тој оцени дека посетата е оправдана, посочувајќи дека  е важно да се испрати сигнал и до украинската јавност, имајќи ги предвид неколкуте претходни посети на Виткоф и Кушнер на Москва.

„Важно е да продолжиме со контактите со Американците“, рече тој.