Владата на Орбан еден месец пред изборите склучила договор со 4iG за неверојатни 3,6 милијарди евра

Според сегашните годишни приходи на вселенската подружница на 4iG овие пари се еднакви на приходите за наредните 109 години


 

Министерството за одбрана на Унгарија склучило рамковен договор во вредност од 1.311.050.000.000 форинти (3,6 милијарди евра) со компанијата за вселенска технологија 4iG, која прерасна во ИТ гигант, дознава унгарскиот медиум ХВГ. Договорот е потпишан кон средината на март, еден месец пред изборите, од страна на компанијата на Гелерт Јасаи и министерството под контрола на Кристоф Салај-Бобровнички.

Договорот, кој веќе стапи на сила од април, од страна на министерството беше објаснет како резултат на неколкугодишна владина подготовка, но не беа објавени други детали, бидејќи договорот не е јавен. Според информациите, рамковниот договор наследен од владата на Петер Маѓар важи девет години, до 2035 година.

4iG, која порасна до гигантски димензии со квазидржавни, владини нарачки, минатата година имаше релативно скромни приходи од 12 милијарди форинти, додека целата група имаше 764 милијарди forinti. Со други зборови, рамковниот договор би можел – теоретски – да им обезбеди обрт еквивалентен на приходите на вселенската компанија за следните 109 години во текот на следните 9 години. 4iG Space and Defense Technologies Ltd. главно се занимава со развој на сателити и заштита од беспилотни летала, како и со обработка на податоци за набљудување на Земјата.

Новиот министер за одбрана на Унгарија уште не ја презел должноста од кадарот на Виктор Орбан.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која е исклучително блиска до Фидес на Орбан, многу брзо по доаѓањето на власт ја отвори постапката за избор на трет мобилен оператор и беше избрана омилената компанија на донеодамнешниот премир на Унгарија – 4iG.