Колку вреди имотот на најбогатите луѓе во светот?
Вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот достигна рекордни 98,3 билиони долари минатата година, што претставува раст од 8,7 проценти во споредба со претходната година, според ново истражување на „Капџемини“.
Според анализата, главните двигатели на растот биле закрепнувањето на финансиските пазари, растот на берзите и зголемувањето на вредноста на инвестициските портфолија, вклучувајќи акции, обврзници и приватен капитал.
Минатата година, во светот имало околу 25,3 милиони луѓе со имот од над еден милион долари, што е речиси два милиони повеќе од претходната година.
Особено е значаен растот на бројот на многу богати поединци со имот од над 30 милиони долари, што укажува на дополнителна концентрација на богатство на врвот.
Соединетите Американски Држави се уште убедливо први со 8,7 милиони милионери. Следат Јапонија, Германија и Кина.
Според истражувањата, две третини од сите милионери во светот се концентрирани во овие земји.
Германија има околу 1,78 милиони „лица со висока нето вредност“, што е зголемување од 11,1 процент, додека вкупното богатство на милионерите во земјата достигна околу 7,1 билион долари.