Висока мода на државната вечера на Трамп во чест на кралот Чарлс
Вашингтон – Првата дама Меланија Трамп се одлучи за висока мода на државна вечера во белата куќа во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила. Таа се појави на Јужниот тревник во бледо розов фустан без прерамки од Кристијан Диор. Фустанот го комбинираше со оф-бели оперски ракавици од велур и свилени чевли од делфиниум, исто така од Диор. Претседателот Трамп, пак, се одлучи за смокинг .

Кралицата Камила се олучи за тоалета во розова џиш нијанаса на дизајнерката Фиона Клер. Таа
ги следеше стапките на кралицата Елизабета носејќи ѓердан што покојниот монарх го носеше и на банкет пред неколку децении.

Ѓерданот од аметист Кент што го избра Камила го носеше и кралицата Елизабета II на државна вечера во Португалија во 1985 година.
Реткото наследство поминало низ генерации монарси, почнувајќи од кралицата Викторија.
Меѓу гостите на државната вечера беа и Џеф Безос од „Амазон“, Тим Кук од „Епл“ и извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон.

Менито било инспирирано од кујни кои ги слават американските состојки и стилови на готвење.
Биле разменети и подароци. Кралицата Камила ѝ подари на Меланија брош од британската дизајнерка на накит Фиона Реј, кој Бакингемската палата го опиша како „фузија на традиционални занаетчиски вештини заедно со најновите достигнувања во технологијата и компјутерски потпомогнатиот дизајн“.
Меланија ѝ подари на Камила сет од шест лажички од „Тифани“. Тие се спарени со тегла мед од Белата куќа како признание за големиот интерес на Камила за пчеларство.