(Видео) Погледнете ја реакцијата на играчите на Арсенал откако станаа шампиони
Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити синоќа ремизираше 1:1 на гости кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.
На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, а вака Арсенал повторно го освои трофејот од Премиер лигата по 22 години чекање. Голот за домаќините го постигна Ели Жуниор Крупи, додека во петтата минута од судиското продолжение, Ерлинг Халанд постигна гол за израмнување и драма на крајот.
Фудбалерите на Арсенал го следеа овој дуел, а кога официјално станаа шампиони, почнаа лудо да ја слават титулата. Објавено е видео од големата прослава на играчите.