„Видео на годината“ – што му прават мРНА вакцините на човековото тело


Како РНК вакцините Фајзер и Модерна влијаат на корона вирусот и на нашето тело, објаснува едноставно, кратко научно видео.

Од појавата на вакцините против корона, се појавија бројни теории на заговор за тоа како тие влијаат на човечкото тело. Најпопуларната е за тоа дека mRNA вакцините (направени врз основа на информации за РНК), како на Фајзер и Модернан, ја менуваат човечката ДНК и содржат „чип“ што ќе го користат „некои сили“ за да ги контролираат луѓето, да предизвика стерилитет, како и дека содржи тешки метали и отрови.
Ова се теориите кои најмногу ги застапуваат антикваксерите, а не е мал бројот и оние кои не припаѓаат на ова лоби, но изразуваат крајна недоверба во ефикасноста на вакцините против корона вирусот. За Синофарм, односно кинеската вакцина, тврдат дека е обична „вода“, а оние направени на „запад“ односно мРНК дека се опасни затоа што користат нова технологија за која не се знае каков ефект ќе има на човечкото тело.

Епидемиологот д-р Ерик Фигел-Динг објави видео на Твитер, кое што го подготви „Vaccine Makers Project“, кое го нарече „најдоброто видео на годината“. Ова видео детално објаснува како вакцината всушност го напаѓа корона вирусот.

Исто така, може да се види дека вакцината воопшто не влијае и нема интеракција со човечката ДНК, што само го потврдува она што го истакнуваат еминентни експерти – дека вакцините се безбедни.

„Како и многу други вируси, короната користи протеин за да се закачи за неа и да навлезе во нашите клетки. Антителата на тој протеин можат да ги блокираат вирусите и да го спречат“, се вели во видеото.

РНК вакцините (мРНА) го „учат“ нашиот имунолошки систем да ги прави овие антитела. Како вакцините го постигнуваат тоа? РНК е генетски материјал кој им дава инструкции на нашите клетки да произведат протеин. РНК во вакцините е содржана во обвивка направена од масни честички кои ја штитат од посебни клетки на имунолошкиот систем, наречени дендритични клетки. Откако ќе се најде во овие клетки, РНК не влегува директно во нивното јадро, ниту пак комуницира со ДНК, туку останува во псевдо-плазмата, со другите молекули на РНК, чекајќи да ги создаде ензимите што му се потребни на нашето тело. Кога рибозомот ја „чита“ РНК вакцината, на површината на вирусот се формираат протеински честички.

Преку лимфата, овие честички патуваат низ телото и ги „алармираат“ другите клетки на имунолошкиот систем.

Некои од овие клетки (Т, Б-клетки) произведуваат антитела кои совршено се „совпаѓаат“ со површинските протеини на вирусот. Други, стимулирани од протеинските делови наречени цитотоксични Т-клетки, можат да ги убијат клетките инфицирани со вирусот. Така, кога корона вирусот се обидува да не зарази„нашиот имунолошки систем е подготвен. Веднаш го препознава, го неутрализира и го уништува, пред воопшто да ризикуваме да се разболиме“, се објаснува во видеото.