Вицепремиерот Николоски ги разгледа клупите поставени во Прилеп


 

Секој ден е на терен и секој ден зборува за огромни успеси.

Тоа е работата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Денеска беше во Прилеп каде со градоначалникот Дејан Проданоски изврши увид на реконструкција на улицата „Кеј 1 Мај“, проект кој се работи преку Министерството за транспорт со финансиска помош од Светска банка.

„Се работат големи инфраструктурни проекти, дел се реализираат, дел се во постапка на тендерирање, одиме со силна подршка на општината Прилеп. Сакам да изразам голема подршка на градоначалникот, на Советот,  на претседателката на Советот за она што го работи општината и интензивно ќе продолжиме со подршката со цел да се завршат сите инфраструктурни проекти“, рече Николоски.

Според него, најважна била обиколницата на градот за која општината веќе работи на проектирање. Општината работи на проектирањето, а потоа обврската ќе ја преземе Владата за да најде изведувач и финансии за тој проект.