Вера Мештеровиќ се враќа во јавноста како водителка на утринска програма


Мис на Македонија за 1996 година, Вера Мештеровиќ (40) на Инстраграм се пофали дека започнува со сосема нов ангажман. Имено, Вера станува водителка и гледачите ќе имаат можност да ја гледаат секој ден на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

 

„Здраво Македонијо, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки: Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

 

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50 часот“, напиша Мештеровиќ.

Мештеровиќ, мајка на две деца, со својата безвременска убавина и однесување е модел за сто години. И по две децении завидна манекенска кариера, сè уште е барана и ангажирана поради природниот изглед, витата става, импозантната висина од над 180 см и професионалниот однос.

Во спотот за новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“, која беше промовирана во 2019 година и во Хрватска, ја играше главната улога, го водеше традиционалниот Виенски бал во Скопје, а истата година на „Златна бубамара на популарноста“ ја освои наградата за најпопуларен македонски модел.