Уставниот суд пружи рака на помирување кон културните работници
Откако Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за културата и тоа предизвика разочарување кај културните работници, а често и гнев и сомнежи дека судот е во координација со властите, денеска беше испружена рака на помирување. Од Уставниот суд до културните работници за влошената перцепција на судиите меѓу членовите на овој мгогу важен сегмент на општеството.
Уставниот суд испрати соопштение во однос на најавениот протест пред Судот во вторник, 28.04., информираше зошто во конкретниот предмет е победена постапка.
„Станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна одлука за оспорените акти се уште не е донесена.
Со особено внимание се следат реакциите во јавноста и загриженоста што ја изразуваат претставниците на културната заедница. Уставниот суд го почитува и го штити правото на јавно изразување и протест како темелна демократска вредност“, велат од Судот..
Уставниот суд апелира до јавноста, внимателно и објективно да ги следи информациите поврзани со овој предмет и дека точното информирање е важно за да не се создава впечаток дека Судот веќе донел одлука или дека предметот се однесува на вреднување на работата, значењето или примањата на уметниците и културните работници.
„Судот постапува исклучиво во рамки на своите уставно утврдени надлежности и одлучува по уставно-правни прашања, односно ја оценува усогласеноста на прописите со Уставот. Во таа смисла, предмет на разгледување не е работата, значењето или придонесот на уметниците и културните работници, ниту пак нивниот статус или примања“, се вели во соопштението.