Талибанците до принцот Хари: Окупаторските сили во Авганистан убиваа невини луѓе без никаква одговорност
Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“. – Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа …