Меган и Хари ја покажаа ќерката Лилибет

Кадравата црвена коса на синот Арчи се гледа јасно за прв пат откако тој бил бебе, покажувајќи дека личи на својот татко


САД- Меган и Хари ја споделија првата јавна фотографија  на нивната ќерка Лилибет, велејќи дека таа „не направи семејство“.

Во пораката со која ги најавуваат добротворните донации , двојката и посака на јавноста „среќни празници“.

На фотографијата, која е направена летото во нивната куќа во Монтесито во Калифорнија, се гледа насмеаната Лилибет која ја држи нејзината мајка, облечена во едноставен бел фустан со боси стапала .

Арчи, облечен во соодветна бела кошула и фармерки, е прегрнат од неговиот татко, принцот Хари. Кадравата црвена коса на малото момче се гледа јасно за прв пат откако тој бил бебе, покажувајќи дека личи на својот татко.

Принцот Хари, облечен во тексас и Меган, во фармерки , ја комплетираат сликата на семејната среќа.

Честитката е објавена токму на време за Божиќ, но не го спомнува по име, туку на јавноста и посакува „среќни празници“.

„Оваа, 2021 година, ја пречекавме нашата ќерка Лилибет во светот“, напишаа Сасекс. „Арчи нè направи „мама“ и „тато“, а Лили нè направи семејство.

„Додека со нетрпение ја очекуваме 2022 година, дониравме во ваше име на неколку организации кои ги почитуваат и штитат семејствата – од оние кои се преселени од Авганистан до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство“.

Двојката, исто така, донираше за помош на американската политичка кампања за платено отсуство, преку добротворните организации Платено отсуство за сите, PL+US и Маршаловиот план за мајки.

„Ви посакуваме среќна празнична сезона и бериќетна Нова Година, од нашето семејство до вашето! потпишувајќи: „Како и секогаш, Хари, Меган, Арчи и Лили“.

Фотографијата ја направи Алекси Лубомирски, професионален фотограф кој ја сними и нивната свадба. Споделувајќи ја сликата на Инстаграм, Лубомирски рече дека тоа е „еден од оние ретки и специјални проекти, во кој има доволно среќа да биде дел“.

„Да можам да ја продолжам приказната за ова семејство кое најпрво го фотографирав како свршена двојка, потоа на денот на нивната венчавка, како брачна двојка и сега кога видов дека нивната љубов се манифестира во две прекрасни деца, беше прекрасна чест, изјави Лубомирски.

(Телеграф)