Сите се обложуваат на Алберт: Како ќе се вика новото кралско бебе?


Англија– Како ќе се вика првото бебе на принцот Хари и Меган, седми во редот на тронот?  Бакимгенската палата уште молчи.

Според британските обложувалници повеќето Англичани се обложија на името Алберт чиј коефициент е 1,33, потоа на Артур со коефициент од 2,55, а потоа следуваат Александар, Џејмс, Филип, Луис, Хенри, Фредерик, Томас и Едвард.

Најголема добивка на вложените пари ги очекува оние што уплатиле за имињата Томас и Едвард чиј коефициент е 20.

Името Алберт добро котира на британските обложувалници уште од последната бременост на Кејт Мидлтон (37) и е популарно име во британското кралско семејство. Причината за тоа е што уште од бракот на кралицата Викторија и принцот Алберт во 1840 година, ова име се појавува во секоја генерација на семејството.

Алберт, пак, во превод значи „благороден”, а ако Меган и Хари така го наречат синот, ќе му оддадат почит на починатиот татко на кралицата, Алберт „Берти” Фредерик Артур Џорџ.