Џорџ Клуни: Нема да бидам кум на Арчи


САД– Џорџ Клуни вели дека сè уште не се усовршил во улогата на татко, па моментално не е заинтересиран да презема други слични обврски. Тој на овој начин ги демантираше шпекулациите дека ќе биде кум на новото кралско бебе, новородениот син на принцот Хари и на Меган-Арчи.

Сопругата Амал, адвокатка за човекови права и Џорџ Клуни се блиски пријатели со Хари и Меган, беа и на нивната свадба, и уште одамна се говореше дека тој би можел да го крсти новото кралско бебе.

Даночните служби во САД уште сега пројавуваат интерес кон новородениот син на британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс Меган, особено кон привилегиите и луксузот, на којшто ќе се радува бебето.

Осмиот правнук на кралицата Елизабета Втора, седми во линијата на тронот нема да добие титула принц, најверојатно ќе ја добие титулата гроф од Думбартон и ќе има двојно држвјанство – британско поради татко си и американско поради мајката. Тоа е прв случај во историјата на британското кралско сеејство.

– Кога еден од родителите е Американец, кој живеел во САД пет години, од кои барем две по навршување на 14 години, бебето автоматски добива американско државјанство. Таков е случајот со Меган, појасни Дејвид Трејтал, основач на „Американ такс ритрнс“, консултантска компанија за Американци што живеат во Велика Британија.

Меѓутоа, американското државјанство освен привилегии носи и одговорности. Имено, меѓу другото, синот на Меган Маркл и принцот Хари ќе треба да поднесува извештај за својата финансиска состојба пред американските власти.