Принцот Мајкл од Кент ја омажи ќерка си: Која е бринетата со Хари?


Англија– Британското кралско семејство повторно се собра на свадба. Леди Габриела Виндзор (38), ќерка на принцот Мајкл од Кент, роднина на кралицата Елизабета Втора, се омажи вчера за Томас Кингстон во Виндзор, популарно место за озаконување на врските  на членовите на кралското семејство. Леди Винзор носеше венчаница на дизајнерката Луиз Бекари со огромен шлеп, а пред олтар ја однесе татко ѝ.

Целото внимание беше свртено кон принцот Хари кој на свадбата не дојде со Меган, која останала да го чува бебебто Арчи. Друштво му правела леди Софи Винклман, актерка која е во брак со братот на невестата, лорд Фредерик.

Свадбата не ја пропушти ниту Пипа Мидлтон (35), сестра на кејт Мидлтон, која беше во друштво на сопругот, и исто така во сино облечена.

На свадбата дојдоа и кралицата Елизабета, принцезата Беатрис со дечкото Едоардо, нејзината мајка Сара Фергусон како и Џејм Мидлтон, братот на Кејт, со девојката.

Принцот Мајкл Кент во 2012 година ја посети Македонија , придружуван од висока бизнис-делегација, кој се сретна во Скопје со тогашниот претседател Иванов и со премиерот Груевски.