Бебето на Хари и Меган ќе се вика Арчи


Англија- Веќе е јасно како ќе се вика бебето на Меган и Хари. Војводата и војвотката од Сасекс избраа да се вика Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор.

Веста за одлуката на младите родители беше официјално потврдена од Кенсингтон палатата.

“Седмиот престолонаследник ќе го носи името да Aрчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор”, гласи пост на принцот и неговата сопруга, објавен на Инстаграм.

Првото кралско бебе на војводата и војвотката од Сасекс нема да има титула принц.

Откако Меган и Хари го претставија својот син во салата “Свети Џорџ” во Виндзор вчера, медиумите го нарекоа бебето од Сасекс.

“Поминаа само два и пол дена, но тоа да си родител е одлично. Среќни сме дека го имаме своето врзопче радост “, рече гордиот татко, кој го носеше бебето на раце.

Запрашана за раѓањето, Меган коментираше дека тоа е како магија. “Тоа беше одлично! Јас сум толку среќна! Тој има најсладок темперамент. Тој е многу мирен “, рече таа.