Принцот Хари и Меган го покажаа синот: Многу е мирен


Англија– Војводата и војвотката од Сасекс за прв пат го покажаа штотуку родениот син на јавноста.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл стоеја гордо со бебето Сасекс пред замокот Виндзор. Новопечените кралски родители не го соопштија името на бебето.

„Магично е, прилично неверојатно. Ова бебе беше нашиот сон, па изминативе неколку дена беа многу посебни. Ги имам двајцата најдобри момци на светот и многу сум среќна. Многу е мирен“, рече Меган возбудено, облечена во бел фустан на „живанши“. .

Како ќе се вика првото бебе на принцот Хари и Меган, седми во редот на тронот? Бакингемската палата уште молчи.

Според британските обложувачници, повеќето Англичани се обложија на името Алберт чиј коефициент е 1,33, потоа на Артур со коефициент од 2,55, а потоа следуваат Александар, Џејмс, Филип, Луис, Хенри, Фредерик, Томас и Едвард.

Најголема добивка на вложените пари ги очекува оние што уплатиле за имињата Томас и Едвард чиј коефициент е 20.

Името Алберт добро котира на британските обложувачници уште од последната бременост на Кејт Мидлтон (37) и е популарно име во британското кралско семејство. Причината за тоа е што уште од бракот на кралицата Викторија и принцот Алберт во 1840 година, ова име се појавува во секоја генерација на семејството.

Алберт, пак, во превод значи „благороден“, а ако Меган и Хари така го наречат синот, ќе му оддадат почит на починатиот татко на кралицата, Алберт Берти Фредерик Артур Џорџ.