Без јавност: Хари и Меган нема да го запознаат светот со новороденото бебе


Англија- Принцот Хари и Меган, војвотката од Сасекс, ќе прекршат уште една традиција. Планираат да не го покажат новороденото бебе пред јавноста, како што досега тоа го правеше Леди Дајана и Кејт Мидлтон, соопшти Кесингтонската палата.

Традиција е пред болницата каде се пораѓаат војвотките да се собираат фанови на кралското семејство во исчекување на новото кралско дете.

Само осум часа по породувањето гордите родители, Вилијам и Кејт го запознаа светот со своето новородено синче.

На улиците на Лондон владееше славеничка атмосфера, а граѓаните се собираа да и го честитаат третото дете на војвотката од Кембриџ.

Со оглед на фактот дека првото дете на војводата и војвотката од Сасекс нема да претендира за тронот, Меган сака породувањето да биде што поприватно.

Се очекува поранешната американска актерка да се породи кон крајот на април или почетокот на мај.

Според британските медиуми, Меган сака да се породи дома, како кралицата Елизабета Втора. Таа се има родено во домот на баба ѝ и дедо ѝ во Мајфер и сите четири деца ги родила во Бакимгенската палата или во Кларенс хаус.

Се спомнува дека таа учи хипно-техники за породување за да не трпи големи болки, по совет на мајка ѝ Дориа Рагланд која ја храбри да се породи по природен пат.

Принцезата Кејт три пати се има породено во болницата „Сент Мери“ во Лондон, а принцезата Ана и принцезата Дајана се имаат породено во славната болница „Линдо Винг“ во Лондон.