Џорџ Клуни кум на бебето на Меган и Хари?


Англија– Штотуку британскиот принц Хари и Меган Маркл го добија првото бебе, а британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да му биде кум.

На прво место, судејќи по пишувањата на таблоидите, се наоѓа оскаровецот Џорџ Клуни, кој е роден на истиот ден со малиот принц. Амал и Џорџ Клуни се блиски пријатели со Хари и Меган, беа и на нивната свадба, и уште одамна се говореше дека тој би можел да го крсти новото кралско бебе.

Војводата и војвотката од Сасекс ја прекинале традицијата и веста за раѓањето на синот ја објавиле прво на Инстаграм. Принцот Хари одлучл да ѝ оддаде почит на својата мајка Дајана, на начин на кој неговиот брат Вилијам никогаш порано не ѝ оддал. Хари во објавата за раѓањето на својот син ги споменал своите две тетки и вујко, грофот Чарлс Спенсер.

„Нејзиното Кралско Височество војвотката од Сасекс утрово го роди својот син во 5:26. Момчето е тешко 3,26 килограми. Војводата од Сасекс беше присутен на породувањето. Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, лејди Џејн Феловес, лејди Сара МекКоркуодел и Ерл Спенсер се воодушевени од оваа вест. Мајката на војвотката, Дориа Рагланд, која е прескреќна поради доаѓањето на својот прв внук, која сега е со Кралското Височество. Нејзиното Кралско Височество и бебето се добри“, гласи полната изјава од Бекингамската палата.

Даночните служби во САД уште сега пројавуваат интерес кон новородениот син на британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс Меган, особено кон привилегиите и луксузот, на којшто ќе се радува бебето. Осмиот правнук на кралицата Елизабета Втора, седми во линијата на тронот најверојатно ќе ја добие титулата гроф од Думбартон и ќе има двојно држвјанство – британско поради татко си и американско поради мајката. Тоа е прв случај во историјатта на британското кралско сеејство.

– Кога еден од родителите е Американец, кој живеел во САД пет години, од кои барем две по навршување на 14 години, бебето автоматски добива американско државјанство. Таков е случајот со Меган, појасни Дејвид Трејтал, основач на „Американ такс ритрнс“, консултантска компанија за Американци што живеат во Велика Британија.

Меѓутоа, американското државјанство освен привилегии носи и одговорности. Имено, меѓу другото, синот на Меган Маркл и принцот Хари ќе треба да поднесува извештај за својата финансиска состојба пред американските власти.