Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија


 Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија, соопшти денеска министерот за рударство на западноафриканската земја, Вилмот Пеј. Тој посочи дека точниот број на жртвите ќе биде познат кога спасувачкиот тим ќе стигне до локалитетот на несреќата во областа на реката Цес во централна Либерија. „Ми кажаа дека седум лица настрадале, …

Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија Read More »

Во рудник за злато во Русија, под урнатините заробени 13 лица


Вонредна состојба е воведена во регионот Амур на далечниот исток на Русија поради инцидент во рудникот за злато „Пионер“ во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопшти владата на тој регион. . Според првичните информации, 13 лица се на длабочина меѓу 100 и 150 метри. „Во регионот Амур …

Во рудник за злато во Русија, под урнатините заробени 13 лица Read More »

Во Турција продолжува потрагата по уште рудари по свлечиште во рудник за злато


Стотици спасувачи во Турција и денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато во источниот дел на земјата, кој беше погоден од огромен одрон. Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција. Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени …

Во Турција продолжува потрагата по уште рудари по свлечиште во рудник за злато Read More »

Катастрофа во Турција: Се урна рудник за злато, објавено е видео од несреќата


Девет рудари се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето во објектот „Анаголд мајнинг“ во источна Турција во вторникот, соопшти турското Министерство за енергетика. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за телевизијата А Хабер изјави дека 400 луѓе трагаат по исчезнатите рудари. A gold mine collapsed in eastern #Turkey There is no data on …

Катастрофа во Турција: Се урна рудник за злато, објавено е видео од несреќата Read More »

Екологистите бараат да се гарантираат повеќе еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045


Усогласување на државните стратешки документи за животна средина, климатски промени, туризам, земјоделие и рурален развој, енергетика, забрана на рудници во заштитени подрачја и санација и рекултивација на старите рудници, со решавање на еколошките проблеми, се дел од еколошки принципи и начела кои група на граѓански активисти бараат да бидат вметнати во Стратегијата за рударство 2025-2045 …

Екологистите бараат да се гарантираат повеќе еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045 Read More »

Несреќа во Јужноафриканската Република: 11 загинати при пад на лифт во рудник


Најмалку 11 лица загинаа, а 75 се повредени при пад на лифт кој превезувал работници во рудник за платина во Јужна Африка, соопшти администрацијата. Компанијата „Импала платинум“ соопшти дека привремено ја прекинала работата во рударскиот комплекс во Рустенбург, по несреќата што се случи синоќа, пренесува Ројтерс. Повредените работници се префрлени во болници, додава АП. Извршниот …

Несреќа во Јужноафриканската Република: 11 загинати при пад на лифт во рудник Read More »

Почина рудар во Крива Паланка, кој се повредил на работното место


Во петокот  во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Итна медицинска помош – Крива Паланка бил донесен починат С.М.(54) од Крива Паланка. Тој се повредил додека извршувал работни задачи како рудар во рудник во Крива Паланка и при транспорт од рудникот до Здравствен дом Крива Паланка починал. Увид на местото на …

Почина рудар во Крива Паланка, кој се повредил на работното место Read More »

Во пожар во рудник во Казахстан загина најмалку 21 лице


Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан, соопшти денеска Арцелор Митал Темиртау, локалната единица на луксембуршката челичарница која работи со рудникот. Од 252 лица во рудникот Костенко, 208 се евакуирани, а 18 побарале лекарска помош, се наведува во соопштението на компанијата. Дваесет и три лица не беа лоцирани до полноќ по локално …

Во пожар во рудник во Казахстан загина најмалку 21 лице Read More »

Револуционерен проект: Потопен рудник загрева цел град


Напуштените рудници за јаглен се покажуваат како исклучително моќен извор на енергија. Во Англија, во последните шест месеци, стар рудник за јаглен го снабдува  градот Гејтсхед на североистокот на земјата со зелена енергија. Револуционерниот проект користи топла вода со која се исполнети тунелите на рудникот за загревање на стотици домови и деловни објекти. Ова е …

Револуционерен проект: Потопен рудник загрева цел град Read More »

Овој сектор се гаси: Ќе изгуби до милион работници?


Транзицијата кон почисти извори на енергија ќе згасне речиси милион работни места во рударскиот сектор до средината на векот, според Global Energy Monitor. Повеќето рудници кои најверојатно ќе бидат затворени „немаат подготвен план за продолжување на работата, односно за управување со транзицијата кон економија без јаглен“, предупреди американската тинк-тенк Global Energy Monitor (GEM). Владите мора …

Овој сектор се гаси: Ќе изгуби до милион работници? Read More »

Рударите во БиХ во предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на платите


 Рударите од рудниците за јаглен во Федерацијата Босна и Херцеговина денеска организираа предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на исплатата на платите, најавувајќи генерален штрајк и протести доколку не се исполнат нивните барања. Работата во вкупно шест рудници беше прекината еден час, а рударите се одлучија на овој облик на протест за да се солидаризираат со …

Рударите во БиХ во предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на платите Read More »

Најголемиот производител на литиум во Европа отвора уште еден рудник


Португалската агенција за заштита на животната средина одобри отворање на голем рудник за литиум на северот на земјата. Ова би можело да поттикне поголемо производство на електрични автомобили во Европа, пишува SEEBiz. Сопственикот на  рудник, „Савана ресорсис“, веќе ја поздрави одлуката. Британската компанија доби одобрение за проектот уште во 2021 година, но мораше дополнително да …

Најголемиот производител на литиум во Европа отвора уште еден рудник Read More »

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско


Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип. -Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама …

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско Read More »

Пожар во рудник во Русија, во тек е евакуација на работниците


Пожар избувна во рудникот „Обуховскаја“ во Ростовската област во Русија, а во тек е евакуација на рударите. „Пожарот започнал на ширина од речиси 200 метри во трафостаницата на рудникот „Обуховскаја“ во градот Зверево“, изјавија за Интерфакс службите за итни случаи. „Во рудникот има повеќе од 200 рудари, а евакуацијата е во тек“, соопшти итната помош.

Тројца рудари загинаа во хаварија во шпански рудник


Тројца рудари денеска загинаа во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија, соопшти регионалниот синдикат на УСОК. Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали. „Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на …

Тројца рудари загинаа во хаварија во шпански рудник Read More »

Краделе од рудник на РЕК Битола


Во саботата во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле …

Краделе од рудник на РЕК Битола Read More »

Приведена Грета Тунберг


Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата. Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн. Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше …

Приведена Грета Тунберг Read More »

Нови протести против ископ на јаглен во западна Германија


Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Така, во Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција ДПА. За време на …

Нови протести против ископ на јаглен во западна Германија Read More »

Заглавени 120 рудари во Трепча поради прекин на електричната енергија


 Во косовскиоот рудник за јаглен Трепча попладнево останале заглавени 120 рудари од првата смена, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврди директорот на рудникот, Енис Абдурахмани, кој изјави дека дефектот настанал поради удар на гром, кој уништил неколку изолатори во електричната мрежа …

Заглавени 120 рудари во Трепча поради прекин на електричната енергија Read More »

За рудници, казина и банки нема енергетска поддршка, за угостители и хотелиери ќе има


 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, рече дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани. Бектеши повтори дека ќе им се помогне и на најранливите категории граѓани, а ќе се донесат и соодветни мерки во делот …

За рудници, казина и банки нема енергетска поддршка, за угостители и хотелиери ќе има Read More »