Пожар во рудник во Русија, во тек е евакуација на работниците


Пожар избувна во рудникот „Обуховскаја“ во Ростовската област во Русија, а во тек е евакуација на рударите.

„Пожарот започнал на ширина од речиси 200 метри во трафостаницата на рудникот „Обуховскаја“ во градот Зверево“, изјавија за Интерфакс службите за итни случаи.

„Во рудникот има повеќе од 200 рудари, а евакуацијата е во тек“, соопшти итната помош.