Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско


Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип.

-Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.