Почина рудар во Крива Паланка, кој се повредил на работното место


Во петокот  во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Итна медицинска помош – Крива Паланка бил донесен починат С.М.(54) од Крива Паланка.

Тој се повредил додека извршувал работни задачи како рудар во рудник во Крива Паланка и при транспорт од рудникот до Здравствен дом Крива Паланка починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Крива Паланка и трудов инспектор.