Во петок голем хепенинг во Гази Баба по повод стартот на учебната година


Под мотото „Среќно ученици” за прв пат оваа година, општина Гази Баба организира голем забавен хепенинг за сите дечиња по повод почетокот на учебната година. Како што информираше градоначалникот Бобан Стефковски за детската забава ќе се погрижат: Светот на Биби, учесниците на Детскиот фестивал Поточиња, пантомимичари и забавни ликови од омилените детски цртани филмови. Забавата …

Во петок голем хепенинг во Гази Баба по повод стартот на учебната година Read More »

Прилепските првачиња ќе добиваат бесплатен оброк


Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче. – Сите 664 првачиња од основните училишта од Општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна. Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна …

Прилепските првачиња ќе добиваат бесплатен оброк Read More »

Бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња во Општина Центар


Општина Центар и оваа година, преку општествено одговорни компании, ќе додели околу 600 бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња запишани во осумте основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, во пресрет на новата учебна година, им посакува успешна година и примерно поведение, се наведува во денешното соопштение на Општина Центар. Герасимовски во писмената …

Бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња во Општина Центар Read More »

Кисела Вода и годинава ќе обезбеди бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња


Општина Кисела Вода информира дека и оваа година сите првачиња од осумте основни општински училишта ќе добијат анатомско ранче и прибор. Станува збор за околу 650 деца кои првпат ќе седнат во училишните клупи. – Со овој проект кој лани првпат го започна Кисела Вода, и искрено се радувам што се прошири речиси низ целата …

Кисела Вода и годинава ќе обезбеди бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња Read More »

Пријавете се за еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром


Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година. Родителите на првачињата потребно е до архивата  на Општината да поднесат потврда за запишан ученик …

Пријавете се за еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром Read More »

Во Кочани запишани 37 отсто помалку првачиња во однос на лани, а во Виница 13 отсто


Во петте основни училишта во општина Кочани за новата учебна година се запишани вкупно 206 првачиња, што е за околу 37 отсто помалку во споредба со лани. Во Одделението за јавни дејности на Општина Кочани евидентирале 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието овде поради иселување на нивните семејства, главно во …

Во Кочани запишани 37 отсто помалку првачиња во однос на лани, а во Виница 13 отсто Read More »

Проектот за бесплатно пливање за првачињата во Аеродром продолжува и од септември


Во време на забрзана дигитализација и живот со социјални мрежи, една од најважните работи е да не заборавиме на поддршката на детскиот раст и развој, преку промоција на спортот, активниот и здрав начин на живеење, потсетува првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски.  Тој вели дека нивните активности како локална самоуправа, во оваа насока, продолжуваат и …

Проектот за бесплатно пливање за првачињата во Аеродром продолжува и од септември Read More »

Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година


Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на …

Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година Read More »

Ќе има ли пречки при уписот во прво одделение за невакцинираните деца?


Сè уште е неизвесно како ќе се спроведуваат уписите на првачињата во основните училишта кои ги немаат примено задолжителните вакцини за нивната возраст според календарот за имунизација, иако уписите за учебната 2019/2020 година почнуваат за еден месец. Министерот за здравство Венко Филипче побарал од министерот за образование и наука Арбер Адеми да не бидат запишани …

Ќе има ли пречки при уписот во прво одделение за невакцинираните деца? Read More »

OКТА додели рефлектирачки приврзоци за првачиња во Скопје


Компанијата ОКТА започна акција за доделување рефлектирачки приврзоци на сите првачиња на територијата на Скопје. Донацијата стартуваше од ОУ „Кочо Рацин”, а ќе продолжи во преостанатите 75 основни училишта со што ќе бидат опфатени речиси 7.000 првачиња во вкупно 10 општини.  Активноста е дел од кампањата за поголема безбедност во сообраќајот, „Јас внимавам“, којашто компанијата …

OКТА додели рефлектирачки приврзоци за првачиња во Скопје Read More »

Распустот заврши, почнува учебната 2018-2019 година


Заврши летниот распуст за основците и за средношколците. Утре почнува новата  учебна 2018-2019 година. За прв пат во училишните клупи ќе седнат над 20 илјади основци, додека во прва година во средно училиште се запишани над 16 илјади ученици. Владата, на последната седница,  донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во …

Распустот заврши, почнува учебната 2018-2019 година Read More »

Аеродром ќе доделува 3.500 денари за првачиња


Аеродром ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари на семејствата кои имаат првачиња запишани во основните училишта на нејзината територија. Од општината ги повикаа родителите да аплицираат преку пополнување на барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година, кое може да се симне од нивната веб страница или …

Аеродром ќе доделува 3.500 денари за првачиња Read More »

Заглавија реформите за првачињата


Дали ќе се спроведе пилот-проектот со кој дел од учениците од прво одделение ќе треба да учат по нови наставни планови и програми, се уште не се знае со сигурност. Добро упатени извори во проблематиката од Министерството за образование и наука за „Независен весник“ велат дека нема да дозволат по ниту една основа да се …

Заглавија реформите за првачињата Read More »

Почнаа уписите на првачињата за учебната 2018/19


Во 360 основни училишта во Македонија од денеска почнуваат уписите на ученици во прво одделение. Се очекува во наредната учебна година во училишните клупи да седнат околу 20.000 првачиња. Уписот на првачиња е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година. Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат шест години може да се …

Почнаа уписите на првачињата за учебната 2018/19 Read More »

На 2 мај почнуваат уписи на идните првачиња во Штип


Уписите на првачињата во основните училишта во Штип почнуваат од 2 мај, информира раководителот на Секторот за јавни дејности во Општина Штип, Билјана Казанџинска. Таа вели дека согласно податоците на патронажните служби  во учебната 2018-2019 година во училишните клупи треба да седнат 538 првачиња. „По училиштата, очекуваната бројка е следна, во ООУ „Ванчо Прке“  153, …

На 2 мај почнуваат уписи на идните првачиња во Штип Read More »

Се укинуваат домашните задачи за првачињата


Децата во прво одделение да влегуваат на возраст од најмалку пет и пол години, а наставните часови за нив да траат 55 минути, во кои ќе има и задолжителен одмор од 15 минути, кој наставникот по свое согледување ќе реши кога да го даде, рече министерката за образование и наука Рената Дескоска, објавувајќи ги реформираните …

Се укинуваат домашните задачи за првачињата Read More »