Во петок голем хепенинг во Гази Баба по повод стартот на учебната година


Под мотото „Среќно ученици” за прв пат оваа година, општина Гази Баба организира голем забавен хепенинг за сите дечиња по повод почетокот на учебната година.

Како што информираше градоначалникот Бобан Стефковски за детската забава ќе се погрижат: Светот на Биби, учесниците на Детскиот фестивал Поточиња, пантомимичари и забавни ликови од омилените детски цртани филмови.

Забавата е закажана за во петок, со почеток во 19 часот, на плоштадот Автокоманда.

– Се гледаме во петок заедно да другаруваме и да се забавуваме, порача првиот човек на општина Гази Баба.