Предлог законот за амнестија повторно пред Владата


Предлог законот за амнестија, според најавата од премиерот Димитар Ковачевски, ќе биде на расправа пред Владата и испратен до Собранието со потребните усогласувања. До денеска треба да се изврши усогласување со секторот за законодавство, откако пред една недела на седница на Владата беше констатирано дека постои потреба од негово дополнително усогласување со надлежните институции. Според …

Предлог законот за амнестија повторно пред Владата Read More »

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, најави Министерството за правда


Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание. Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава. Ова е објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на Министерството за …

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, најави Министерството за правда Read More »

Собрание: Платите на собраниските службеници ќе се пресметуваат на нов начин


Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена. За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и …

Собрание: Платите на собраниските службеници ќе се пресметуваат на нов начин Read More »

Адвокати ќе поднесат предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април


  Адвокатската канцеларија „Јанаки Митровски“ и адвокатската канцеларија „Пешевски и Тимовски“ утре до сите пратенички групи и пратеници во Собранието ќе поднесат предлог-закон за амнестија на осудените за крвавите настани од 27 април 2017 година, со предлог сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на …

Адвокати ќе поднесат предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април Read More »

Амнестираниот министер


ГОРАН АДАМОВСКИ Вицепремиерот Бујар Османи застана во одбрана на својот сопартиец Хисен Џемаили, при што лежерно констатира дека тој не бил осуден за случајот „Мавровски работници“ од воената 2001 година. Уште и додава дека според информациите што ги имал, новиот министер воопшто и не учествувал во брутално изживување врз петтемина градежни работници грабнати во Желино …

Амнестираниот министер Read More »

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал


Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема намера да го амнестира премиерот Зоран Заев доколку направил криминал. Тој тоа го кажа во контекст на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека понудата на шефот на државата за помирување значи единствено амнестија на претседателот на владата и на неговите најблиски соработници. „Јас и тогаш во тие разговори кои ги имавме …

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал Read More »

Дали и патот за преговори со ЕУ ќе се поплочи со амнестија?


Најмалку дваесетина истраги што се отворени од втората половина на 2017 година досега, а со кои се опфатени околу 110 лица, според податоците од последните три шестмесечни извештаи на СЈО, би отишле во ветар доколку се прифатат барањата на опозицијата во однос на идниот статус и начин на функционирање на ова обвинителство. Решавањето на статусот …

Дали и патот за преговори со ЕУ ќе се поплочи со амнестија? Read More »

Кацарска: Цврсто сум убедена дека секоја пресуда што сум ја донела била исправна


Судијката Добрила Кацарска, која го водеше судскиот процес за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година и пресуди вкупно 211 години затвор за 16 обвинети, вели дека не само за оваа, туку за секоја пресуда што ја донела е уверена дека била исправна. Кацарска,  на гостување во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ, нагласи …

Кацарска: Цврсто сум убедена дека секоја пресуда што сум ја донела била исправна Read More »

Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа


Нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот, кој повеќе нема законска можност за тоа, изјави премиерот Зоран Заев пред Кривичен суд каде беше поради случај кој се води за закани што преку Фејсбук ги добивал во 2016 година. Според Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 …

Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа Read More »

Амнестијата го „лансираше“ Дамовски во штаб на ВМРО-ДПМНЕ


Режисерот Борис Дамовски, кој не сакаше да чуе за милост за собраниските настани на 27 април за потоа да се пишмани, амнестијата го катапултираше од позиција на неутрален водач на протестите на „Заедничка Македонија“ во општински штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Изминатиов викенд тој беше гостин на предновогодишен коктел на најголемата опозициска партија во Штип. Дамовски е …

Амнестијата го „лансираше“ Дамовски во штаб на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Интервју со министерката за правда: На амнестираните им простивме, ама не заборавивме


Ресорот правда е клучен за евроинтеграциите на Македонија. До каде е процедурата за законите? Дали ќе ги стигнеме роковите? -Во изминатиов период интензивно работевме на подготовка на законите кои се предвидени со Планот 18 и се обврска од реформските приоритети. Процесите што се водат во Министерството се инклузивни, законите се подготвуваат во работни групи во …

Интервју со министерката за правда: На амнестираните им простивме, ама не заборавивме Read More »

На „Бихаќска“ си играат со власта заради амнестиите


Најновите измени во Кривичниот закон, со кој ќе се амнестира и економскиот криминал направен за време на поранешната власт, го докрајчи и највоинственото крило кај социјалдемократите. Верувањата во правната држава се распрснуваат од ден во ден, а најтрагично е што никој не може со сигурност да каже дека е допрено дното. Незадоволство му било искажано …

На „Бихаќска“ си играат со власта заради амнестиите Read More »

Меѓу првите амнестирани и браќата кои открија кој стои зад упадот во Собрание


Петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се меѓу првите 12 амнестирани лица за упадот во Собрание што се случи на 27 април минатата година. Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев вечерва потврди дека се донесени првите 12 решенија за амнестија за крвавиот четврток и ги соопшти нивните имиња …

Меѓу првите амнестирани и браќата кои открија кој стои зад упадот во Собрание Read More »

Ќе има „амнестија“ и за дел од бомбите


Измените во Кривичниот законик со кои се интервенира во членот за злоупотреба на службената должност стигнаа кај пратениците во Собранието. Законските измени се очекува да бидат додадени како точка на дневен ред на денешната седница што почнува во 14 часот и да бидат донесени по брза постапка. Нивното донесување, како што се оценува, ќе значи …

Ќе има „амнестија“ и за дел од бомбите Read More »

Бараа правда, па се задоволија со амнестија


Голем дел од обвинетите за 27 април се премислија, како што и повеќето политички актери во изминатите два месеци ги менуваа ставовите за т.н. помирување. Барања за амнестија до судот, според информациите, поднеле и обвинети кои во октомври годинава изјавуваа дека бараат правда, а не помилување, откако премиерот Зоран Заев ја пласираше од собраниската говорница …

Бараа правда, па се задоволија со амнестија Read More »

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени


Премиерот Зоран Заев не е сѐ уште сигурен дека ќе има двотретинско мнозинство за донесување на уставните амандмани. Моментно се сигурни 76 пратеници, но не и 80 гласа колку што се неопходни на финишот на процесот за промена на Уставот. извори. Заев вечерва во емисијата „Отворено“ на 24 Вести изјави дека, врз основа на сите …

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени Read More »

Дурловски: Не сакам амнестија, ќе ризикувам


Оперскиот пејач Игор Дурловски нема да бара амнестија за настаните од 27 април. На својот профил на „Фејсбук“, тој објави дека ќе продолжи да се бори за докажување на неговата невиност за делото за кое му се суди. „Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот …

Дурловски: Не сакам амнестија, ќе ризикувам Read More »

Независните пратеници станаа влада во сенка


Монтираните политички процеси, реформските закони, говорот на омраза, скандалот со прислушуваните материјали, поделбите и недовербата, менаџирање со политичките кризи, конфликтите меѓу навивачките групи, правата на ЛГБТ-заедницата, промените во Кривичниот законик… Ова се само дел од општествените сфери каде што новоформираната парламентарна група за помирување, реформи и интеграција сака да влијае. Основана со цел да се …

Независните пратеници станаа влада во сенка Read More »

Поднесени 12 барања за амнестија до Кривичниот суд


До утрово до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 12 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Барањата обвинетите можат да ги доставуваат до Судот лично и по пошта. По истекот на на рокот за поднесување на …

Поднесени 12 барања за амнестија до Кривичниот суд Read More »

Мукоски смета дека ја заслужил амнестијата


Денеска и утре се последните два дена за поднесување барање за амнестија за крвавите случувања од ланскиот 27 април. Се очекува најмалку дваесетина од вкупно 33 обвинети да побараа милост од Кривичниот совет сметајќи дека ем влегуваат во законските одредби ем заслужуваат да бидат амнестирани. Барањата до скопскиот Кривичен суд се доставуваат лично или по …

Мукоски смета дека ја заслужил амнестијата Read More »