Во БиХ пристигнуваат дополнителни сили на ЕУФОР


Дополнителни сили на ЕУФОР почнаа да пристигнуваат во Босна и Херцеговина како мерка на претпазливост за зајакнување на стабилноста во БиХ, пренесува Бета. Сараевските медиуми денеска објавија дека секој ден во БиХ пристигнуваат по десет до 20 возила и дека со новите сили на ЕУФОР во Босна и Херцеговина ќе бидат распоредени над 1.000 војници …

Во БиХ пристигнуваат дополнителни сили на ЕУФОР Read More »

И Босанците исплашени дека ќе нема гориво нагрнаа на бензинските


  Утрово, репортерите на босанскиот портал Klix.ba посетија повеќе бензински станици, но драматично зголемување на цената на горивата нема. Го нема ни метежот од синоќа. Цената за литар безнин се движи од 2,66 до 2,81 конвертибилни марки, а дизел за 2,71 до 2,86 KM (околу евро и пол). Дезинформацијата која синожа ја пласира јавниот сервис …

И Босанците исплашени дека ќе нема гориво нагрнаа на бензинските Read More »

Босна и Херцеговина побара итен пристап во ЕУ


Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат. Турковиќ го упати овој апел откако неколку други земји ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина. – Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста …

Босна и Херцеговина побара итен пристап во ЕУ Read More »

БиХ:  Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла


Според првите информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, па е намален на 4,1, а епицентарот бил во близина на Тузла. Се почувствува низ цела БиХ, но и во Хрватска, Србија и Словенија. Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина околу 15:20 часот, соопшти ЕМСЦ. …

БиХ:  Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла Read More »

(Видео) Снежно невреме во БиХ, хаос на патиштата


Снежното невреме што го зафати поголемиот дел од БиХ во понеделникот попладне предизвика хаос на патиштата во земјата, а на тешките камиони им беше забрането да возат на критичните делови. Интензивните врнежи од снег проследени со силен ветер и наглото опаѓање на температурата донесоа снежни наноси на сите поголеми сообраќајници, пренесува Индекс.хр. Со голема тешкотија …

(Видео) Снежно невреме во БиХ, хаос на патиштата Read More »

Додик: БиХ е промашен проект, требa цивилизирано да се разделиме


Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во интервју за шпанскиот весник Ел Мундо рече дека „БиХ е пропаднат проект“ и оти најдоброто решение за земјата е „Бошњаците, Србите и Хрватите да се разделат на цивилизиран начин“. – БиХ нема да може да опстане од истата причина поради која не преживеа Југославија. Во БиХ има три народи. Два од нив, …

Додик: БиХ е промашен проект, требa цивилизирано да се разделиме Read More »

Месиќ, Тупурковски и Богиќевиќ подготвуваат документ за поделбата на БиХ


  Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска и член на последното Претседателството на СФРЈ, изјави дека со Богиќ Богиќевиќ и Васил Тупурковски работи на изработка на документ кој ќе биде испратен на одредени адреси во БиХ, што сведочи за договорот меѓу Слободан Милошевиќ. и Фрањо Туѓман за поделба на Босна и Херцеговина. Месиќ тоа го …

Месиќ, Тупурковски и Богиќевиќ подготвуваат документ за поделбата на БиХ Read More »

Додик најави враќање на српските претставници во институциите на БиХ


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, најави враќање на српските функционери во државните институции на БиХ, откако српскиот претседател Александар Вучиќ го повикa да го стори тоа, како и по дополнителните санкции што неодамна ги воведе американската администрација поради неговите „сецесионистички потези“. – Не е мала работа ако претседателот на Србија ја замоли …

Додик најави враќање на српските претставници во институциите на БиХ Read More »

Над 90.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ во изминатите 20 години


Во изминатите дваесет години од државјанството на БиХ се откажале 93.210 лица, а само лани, до 10 декември, од книгата на државјани се испишале 2.802 лица. Трендот на откажување од државјанството на БиХ продолжи и покрај пандемијата, која е присутна речиси две години, објавија локалните медиуми. – Во постапката за откажување од државјанството на БиХ, …

Над 90.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ во изминатите 20 години Read More »

Во БиХ рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 2.577


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани биле 6.193 примероци на корона вирус, од што 2.577 се позитивни, што е рекорден број од почетокот на пандемијата. Од последиците на заразата во последните 24 часа починале 22 лица. За споредба, претходниот ден во БиХ забележани беа 2.269 нови случаи од 6.078 обработени тестови, …

Во БиХ рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 2.577 Read More »

Омикрон сојот пристигна и во Босна и Хецеговина, десетмина заболени


Првите случаи со омикрон сојот на корона вирусот се детектирани и во Босна и Херцеговина. Од 100 тестирани примероци на омикрон сојот, кај нив десет потврдена е оваа варијанта, потврдија од Клиничкиот центар во Сараево за Klix.ba. Омикрон сојот веќе некое време прави сериозен проблем во Европа, во претходната седмица е забележан во повеќе држави …

Омикрон сојот пристигна и во Босна и Хецеговина, десетмина заболени Read More »

Аваз: Додик првоосомничен за уривање на БиХ


Обвинителството на Босна и Херцеговина води истрага против 13 лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело напад врз уставниот поредок на БиХ, а првоосомничен за уривањето на државата е лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Босанскиот весник Аваз повикувајќи се на неименувани извори …

Аваз: Додик првоосомничен за уривање на БиХ Read More »

Шмит: Додик ја премина линијата на реторичко потпалување на огнот


Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик „ја преминал границата на реторичко потпалување оган, поништувајќи ги одлуките на високиот претставник и не признавајќи го Уставниот суд на БиХ“. Шмит, во интервју за германскиот весник Зидојче цајтунг, Кристијан Шмит истакна дека негова обврска е да обезбеди …

Шмит: Додик ја премина линијата на реторичко потпалување на огнот Read More »

Претставник на полициската служба на БиХ: Не сме добиле ниту една закана по безбедноста на Милановиќ


Полициските и безбедносните служби во БиХ немаат добиено никакви информации за евентуална закана за хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што беше претходно соопштено од неговиот кабинет, поради безбедносни причини ја откажа посетата на централна Босна и Херцеговина. Директорот на Управата за координација на полицијата, Мирсад Вилиќ, изјави за државната радио и телевизија на Босна …

Претставник на полициската служба на БиХ: Не сме добиле ниту една закана по безбедноста на Милановиќ Read More »

Откажана посетата на хрватскиот претседател на БиХ од безбедносни причини


За денеска најавената посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и присуството на настанот по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат кон Нова Била и Босна Сребрена“ се откажува од безбедносни причини, соопшти Кабинетот на претседателот на Хрватска. „Одлуката за откажување на посетата се заснова на безбедносната проценка на надлежните институции …

Откажана посетата на хрватскиот претседател на БиХ од безбедносни причини Read More »

Ескобар: Само Белорусија и Азербејџан се полоши од БиХ во однос на корупција


 Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека Босна и Херцеговина е една од најкорумпираните земји во Европа и дека најголем дел од заканите за Дејтонскиот мировен договор доаѓаат од српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесува Бета. Во однос на корупцијата, тој ги наведе Белорусија и Азербејџан како …

Ескобар: Само Белорусија и Азербејџан се полоши од БиХ во однос на корупција Read More »

Лекарите во Коњиц во БиХ ги соблекоа белите мантили поради неисплатени плати


Здравствените работници во градот Коњиц во БиХ незадоволни од неисплатените плати, кои им беа ветени неколкупати, денеска ги соблекоа белите мантили и најавија раскинување на договорите за работа, пренесе Кликс. Здравствените работници собрани пред Општата болница ги соблекоа белите мантили и како што јавува Фена се простија од долгогодишните работни места. Азра Мушиновиќ, претседателка на …

Лекарите во Коњиц во БиХ ги соблекоа белите мантили поради неисплатени плати Read More »

Дејтонски договор 26 години подоцна – БиХ е во најголемата политичка и безбедносна криза од 1995 година


По 26 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор кои се навршуват денеска, Босна и Херцеговина е во една од најголемите политички и безбедносни кризи од 1995 година, откако членот на државното претседателство и де факто лидер на Република Српска, Милорад Додик најави дека ќе го повлече субјектот од уставниот и правниот поредок на БиХ. Според …

Дејтонски договор 26 години подоцна – БиХ е во најголемата политичка и безбедносна криза од 1995 година Read More »

ОБСЕ предупредува на ескалација на кризата во БиХ


Највисоките претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ги предупредија властите на Република Српска дека нивните чекори опасно го загрозуваат мирот во БиХ и целиот регион, додека Зелените во Европскиот парламент објавија дека Унијата е подготвена воено да реагира и веднаш да испрати 6.000 војници во БиХ. Претседавачот на ОБСЕ, шведската министерка …

ОБСЕ предупредува на ескалација на кризата во БиХ Read More »

Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик


Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик, кого го нарече поттикнувач и водач на група „обединета во уништувањето на уставниот поредок на БиХ и поткопувањето на државните институции“, откако парламентот на Република Српска усвои заклучоци денеска со кои на владата и се наложува да подготви …

Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик Read More »