И Босанците исплашени дека ќе нема гориво нагрнаа на бензинските


 

Утрово, репортерите на босанскиот портал Klix.ba посетија повеќе бензински станици, но драматично зголемување на цената на горивата нема. Го нема ни метежот од синоќа.

Цената за литар безнин се движи од 2,66 до 2,81 конвертибилни марки, а дизел за 2,71 до 2,86 KM (околу евро и пол).

Дезинформацијата која синожа ја пласира јавниот сервис БХТ во Дневникот, предизвика вистинска паника меѓу граѓаните кои нагрнаа на бензинските пумпи да наточат гориво, а најочигледно беше во главниот град Сараево. Некои граѓани носеа дури и канистри и буриња за да наполнат гориво, а цистерни и по неколку пати правеа дотур на некои бензински поради големата побарувачка.

Во јавоста беше пласирана вест дека цената ќе се зголеми на повеќе од 4 км (околу две евра).

До раст на цените доаѓа по скокот на цената на светскиот пазар, која е предизвикана од руската инвазија на Украина.