Во БиХ рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 2.577


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани биле 6.193 примероци на корона вирус, од што 2.577 се позитивни, што е рекорден број од почетокот на пандемијата.

Од последиците на заразата во последните 24 часа починале 22 лица.

За споредба, претходниот ден во БиХ забележани беа 2.269 нови случаи од 6.078 обработени тестови, а починаа 19 пациенти.

Во Босна и Херцеговина досега од корона вирус заболеа повеќе од 300.000 грашани, а починаа повеќе од близу 14 илјади пациенти.