БиХ:  Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла


Според првите информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, па е намален на 4,1, а епицентарот бил во близина на Тузла. Се почувствува низ цела БиХ, но и во Хрватска, Србија и Словенија.

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина околу 15:20 часот, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри во близина на Тузла.
„Како експлозија, многу се тресеше. Звукот е страшен“, „Морничаво“, „Беше кратко, но жестоко“, се дел од коментарите.

Според досегашните информации, нема извештаи за материјална штета или жртви.