(Видео) Снежно невреме во БиХ, хаос на патиштата
Снежното невреме што го зафати поголемиот дел од БиХ во понеделникот попладне предизвика хаос на патиштата во земјата, а на тешките камиони им беше забрането да возат на критичните делови.
Интензивните врнежи од снег проследени со силен ветер и наглото опаѓање на температурата донесоа снежни наноси на сите поголеми сообраќајници, пренесува Индекс.хр.
Со голема тешкотија возилата минуваат по патиштата низ централна Босна, од Сараево до Тузла и над планините во Романија.
Помеѓу Олово и Кладањ и Травник и Доњи Вакуф забранет е сообраќај на камиони со приколки.
Патиштата меѓу Ливно, Томиславград и Купес се целосно покриени со снег, а на подрачјето се регистрирани голем број сообраќајни несреќи.
Силниот ветер ги урна столбовите за струја на некои патишта, особено во Зеничко-добојската жупанија, каде босанскиот авто-мото клуб (БИХАМК) ги советуваше возачите да возат особено внимателно.
🔺PUT SARAJEVO – GORAŽDE / Snijeg uzrokovao nove probleme: Pogledajte trenutnu atmosferu na cestama #sarajevo #gorazde #padavine #zastoj #saobracaj pic.twitter.com/UjjtrQg9cH
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) February 7, 2022