Советниците од СДСМ бараат вонредна седница и мораториум на градби по трагедијата на градилиштето во Кисела Вода
Советниците на СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода.
„Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите. Токму затоа, денес поднесовме барање за итно свикување на вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода – рече Даниела Настова Пиштолова, Координатор на Советничка група на СДСМ во советот на Кисела Вода.
На таа седница бараат да се донесат конкретни одлуки како: Формирање на независна стручна комисија која ќе изврши целосна проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината; Итно воведување мораториум на сите градежни активности сè додека не се утврди дека истите се безбедни и во согласност со законите; Обезбедување целосна транспарентност преку јавно објавување на сите документи, дозволи и наоди поврзани со градбите.
Советниците од СДСМ бараат и итни мерки за заштита на граѓаните, односно да се се изврши проценка и, доколку е потребно, евакуација на сите лица и објекти кои се наоѓаат во потенцијален ризик; да се преземат мерки за санација на последиците и да се обезбеди соодветна помош и поддршка за погодените.
По трагдијата, на градилиштето била присутна и градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска.
Загина еден од затрупаните работници на градилиштето во Кисела Вода, тројца се тешко повредени