Скопје ќе се лади со диџејот Бурак Јетер на 5 септември
По успешното прво издание, фестивалот „Скопје се Лади“ се враќа по втор пат и на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во Скопје во најголемата летна музичка сцена во државата.
Годинашниот фестивал носи ексклузивен настап на светски познатиот DJ и продуцент Burak Yeter, кој за првпат доаѓа во Македонија. Автор на глобалните хитови “Tuesday” и “My Life Is Going On”, препознатлива како главна тема на серијата Money Heist, Burak Yeter е едно од највлијателните имиња на современата електронска музика.
Неговиот хит “Tuesday” беше број еден во повеќе од 80 земји, а видеото има над 820 милиони прегледи на YouTube и повеќе од една милијарда слушања и прегледи на сите дигитални платформи. Добитник е на престижни меѓународни музички награди, редовно се наоѓа на DJ Mag Top 100 DJs листата, а зад себе има настапи на најголемите светски фестивали, меѓу кои Tomorrowland, Ultra Music Festival и Parookaville. Воедно, Burak Yeter е и првиот DJ во светот кој одржал настап во стратосферата.
Покрај главната ѕвезда, фестивалската програма ќе ја збогатат и едни од најдобрите домашни и регионални артисти:
- Boogieman – препознатлив по своите енергични фестивалски настапи;
- Anastas – еден од водечките претставници на македонската електронска сцена;
- Marga Sol – интернационално призната DJ и продуцентка со повеќе од две децении кариера и стотици музички изданија објавени преку светски дискографски куќи;
- DJ Aya, која ќе обезбеди непрекинат музички тек и енергија во текот на целата вечер.
Посетителите ги очекуваат повеќе од пет часа врвна електронска музика, современа продукција, спектакуларни светлосни и сценски ефекти и атмосфера каква што досега ретко била видена во Скопје.
Фестивалот се реализира со поддршка на Град Скопје, и бројни спонзори.
Билетите се веќе пуштени во продажба.