Сергеј Андреевски со изложба „Азбука“ посветена на Блаже Конески


Етаблираниот ликовен уметник Сергеј Андреевски на 27 август, на затворањето на 17. меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ која ќе се одржува во село Цапари, и на различни локации низ Битола од 20 август, ќе ја  отвори изложбата „Азбука“ , посветена на Блаже Конески. Изложбата е циклус од 31 слика – за секоја буква од македонската  азбука, и  има своја приказна.

– Изложбата ја нареков „Азбука“ со цел да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено сега, кога секојдневно е оспоруван, но и поддршка за славење на името и делото на научникот, творецот и создателот на нашата современа азбука Блаже Конески, во годината кога се одбележуваат 100 години од неговото раѓање, изјави уметникот Андреевски.