Се забавував со Елвис Присли за да го направам Марлон Брандо љубоморен, се присеќава Рита Морено
САД– Рита Морено доби помош од Кралот за да му врати на Марлон Брандо за неговото изневерување.
Во средата, оскаровката се појави во „The View“ каде што беше запрашана од ко-водителот Џој Бехар за тоа дали актерот „постојано“ ја изневерувал за време на нивната 8-годишна врска.

Морено и Брандо првпат се запознале кога таа имала 22 години на снимањето на биографскиот филм „Désirée“ во 1954 година.
„Најдов долна облека во неговата куќа и, се разбира, ми беше скршено срце, и отидов дома во солзи – навистина, бев наивна – и исто така бев лута“, се сеќава 89-годишата актерка. „Следниот ден, телефонот ѕвони и слушам „Госпоѓица Марина?“ Реков: „А, да?“ „Ова е полковник Паркер, го застапувам Елвис Присли, а Елвис те забележа кај во 20th Century Fox, и му се допадна тоа што го виде“.
„Реков: „О?“, а тој ми рече: „И тој многу би сакал да ве запознае. Дали би сакале да го запознаете“, продолжи актерката. „И помислив на тие гаќички и реков: „Да, би!“
Ѕвездата од „West Side Story“ рече дека „се забавувала со [Елвис] неколку пати“, но романсата била кратка. Пејачот, како што рече, била „сладок, но здодевен“.
„Беше сладок, но беше селско момче“, објасни Морено. „Значи, како и да е, кога [Брандо] дозна, не требаше долго. Почна да фрла столчиња. Беше толку лут. Беше прекрасно. А јас само седев додека тој продолжи да фрла столчиња “.
По смртта на Брандо во 2004 година, дел од неговиот имот бил ставен на аукција, објави Њујорк пост. Единственото парче филмски сувенири пронајдено во неговиот дом во Калифорнија беше сликата на ѕвездата од „Кум“ во „The Night of the Following Day” од 1969 година, каде што тој споделува страстен бакнеж со Морено. Таа фотографија висела на ѕидот од неговата работна соба.
Во 2017 година, Морено изјави за магазинот People дека Брандо е „страста на нејзиниот живот“. Морено изјави за медиумот дека сè уште чува фотографија од Брандо во нејзината спална соба.
“Зошто таа слика на Марлон Брандо? Затоа што тој беше моја голема љубов во мојот живот”, објасни Морено. „ Тој беше страста на мојот живот“.
Морено го нарече својот сопруг Леонард Гордон „љубовта на мојот живот“. Двојката се венчала во 1965 година и останале заедно до неговата смрт во 2010 година.
Во 2016 година, Морено изјави за Фокс њуз дека нејзината желба да глуми ја држи зафатена во Холивуд со текот на годините.
– Јас сум многу позитивна, оптимистичка личност. Тоа е само дел од мојата природа. Тоа не значи дека не се лутам или дека не сум депресивна. Воопшто не. Но, мојата поголема природа е многу позитивна“.