„Рајанер“ бара невозможни услови, па затоа го нема во Македонија, вели Николоски


 

Нискобуцетниот авиопревозник кој е присутен во сите земји од соседството барал големи привилегии за себе, па затоа го нема во Македонија, тврди вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Тој вели дека условите што ги побарал авиопревозникот биле невозможни за Македонија. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. 

„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада“, рече Николоски. 

Барањето на „Рајанер“ било 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за скопскиот аеродром, приоритетно да се опслужуваат нивните аеродроми, да не се користат никакви услуги на скопскиот и охридскиот аеродром, а компанијата има дури и сопствени скали во авионите. И Македонија да се откаже од дел од дестинациите кои што ги има.