Пожар во овоштарник кај Градско навреме изгаснат, спречено проширување кон куќа
Во Територијалната противпожарна единица Велес денеска во 10:30часот била примена дојава за запалена куќа на ул. „Маршал Тито“ бр.5 во Градско.
Екипа на ТППЕ Велес веднаш излегла на лице место со две противпожарни возила возило и четворица пожарникари.
По пристигнување на лице место екипата увидела дека не горела куќата како што телефонски било пријавено кај нив, туку горел овоштарникот до куќата.
Како што информираат попладнево од ТППЕ Велес, благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарот бил изгаснат и било спречено да се запали и куќата.