Целосно се реконструира мостот „Естакада“ во Гази Баба
Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти Град Скопје.
остот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје.
Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт.
„Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и вградување два нови асфалтни слоја. И самиот мост ќе биде обновен со нов асфалтен слој. Дополнително, се врши замена на рабниците и капаците на шахтите, се изработуваат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе се чисти, санира и бојадисува. Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри“, информираат од Градот.
Со оваа интервенција се вложува во безбедноста, подобрата поврзаност и поквалитетното секојдневие на илјадници граѓани. Најавуваат дека ќе продолжат со санација на сите мостови во Скопје.