Поранешниот советник Зоран Стојчевски е новиот лидер на битолските социјалдемократи
Зоран Стојчевски е избран за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола. На огласот на партијата за ОО на СДСМ Битола се јавија шестмина кандидати, пет мажи и една жена. До избор на нов претседател дојде откако доскорешниот Методија Куновски, инаку кандидат за градоначалник на СДСМ на последните локални избори предвреме си даде оставка од функцијата претседател на локалната организација во Битола.
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ по изборот на Стојчевски за „Независен“ изјави: „После долги консултации со членството, од денес очекувам сите да застанат зад новото раководство на општинската организација. Крајната цел е разобиличување на оваа ненародна власт како на централно така и на локално ниво“, изјави Димитријевиќ.
Стојчевски е актуелен член на Централниот одбор на СДСМ и поранешен советник во Советот на Општина Битола. (А.Б.)