Погребан Предраг Живковиќ Тозовац: Последно збогум со „Не свири виолино“
Србија– Легендата на народната песна Предраг Живковиќ Тозовац на 6 април ја изгуби битката со коронавирусот на 85-годишна возраст, а денес беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Неговата кума, долгогодишна пријателка и колешка Мерима Његомир, одржа говор на неговото испраќање.
„Ќе ни останат спомените од заедничката работа, патувањата, концертите и бесконечните приказни кои траеја длабоко во ноќта. Најчесто и до раните утрински часови. Тоа беше нашето неповторливо и неповратно време. Без Тозовац, таа волшебна привлечност за дружење ќе го изгуби својот сјај затоа што тој ѝ даваше значење на секоја дружба… Драг мој куме, драг пријателе, драг брате, твојата уметност, беспрекорност, музичка големина, добро срце, ќе останат во нашето сеќавање“, рече Његомир.