Почина пејачот Владо Јаневски на 65-годишна возраст
Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа
Денеска во Скопје по кусо боледување почина Владо Јаневски (65), еден од најпопуларните македонски пејачи и автори. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци.
Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаровиќ на нејзиниот концерт во Филхармонијата. Јаневски одржа заеднички концерт со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во Скопје, а две недели потоа настапи на „Златна бубамара на популарноста“.
Тој беше првиот македонски претставник на Евровизија со песната „Не зори зоро“ во 1998. Последните неколку години живееше во Гевгелија.