Почина комичарот Боб Сагет, саканиот ТВ-татко од „Полна куќа“


САД- Американскиот глумец и комичар Роберт – Боб Сегет, познат по улогата на саканиот самохран татко Дени Танер во комичната ТВ-серија „Полна куќа“ (Full House), и како водител на „Најсмешните домашни видеа од Америка“, почина на 66-годишна возраст, за време на својата стенд-ап турнеја низ САД.

Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо вчера попладне и констатирала смрт на лице место, соопшти шерифот на округот Оринџ, нагласувајќи дека не се пронајдени траги од дрога. Сагет беше на Флорида каде што настапи во петокот и саботата. Тој се огласи и на Инстаграм по топлиот прием од публиката.

„Ѝ се вратив во комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го пронаоѓам мојот нов глас и го сакам секој миг!“, напиша тој.

Многу негови колеги и пријатели се збогуваат со него на интернет. 

Џон Стамос, кој го глумеше вујко Џеси, на Твитер напиша дека е „изгубен“. Кендис Камерон Буре се сеќава на нејзиниот ТВ татко како „еден од најдобрите луѓе“. Дејв Кулие, познат како чичко Џои, напиша дека неговото срце е „скршено“.

Семејството Сагет ја објави следнава изјава: „Ние сме уништени што потврдивме дека нашиот сакан Боб почина денес. Тој ни беше сè и сакаме да знаете колку ги сакаше своите обожаватели, настапувајќи во живо и носејќи луѓе од сите сфери на животот. заедно со смеа. Иако бараме приватност во овој момент, ве покануваме да ни се придружите во сеќавањето на љубовта и смеата што Боб му ги донесе на светот“.

Сагет дели три возрасни деца со поранешната сопруга Шери Крамер.

„Тие се светлината на мојот живот. Јас сум среќен човек по тоа што сите три мои ќерки се исклучителни. Многу паметни , многу прекрасни и многу брилијантни, многу убави“, изјави тој за People во 2016 година.

Сагет се омажи за Кели Ризо во 2018 година.