Петер Маѓар веќе го сметаат за „најзгоден премиер на светот“
Името на Петер Маѓар во последните денови е на насловните страници на унгарските и меѓународните медиуми, но причината не е само политиката. Откако стана нов унгарски премиер, неговиот изглед и начин на живот исто така привлекоа големо внимание на јавноста. Накратко – веќе го нарекуваат „најзгодниот премиер на светот (остра конкуренција му е шпанскиот премиер Педро Санчез).
Мускули, селфиња…
Приватни фотографии и снимки што се шират на социјалните мрежи (и што самиот ги објавува) исто така придонесоа за овој статус.
Маѓар е спортски тип, а тоа често го нагласува на својот Инстаграм профил. Не се двоуми да објави неколку фотографии од теретана, а особено внимава фризурата секогаш да му биде нагласена. Ги сака и мачките.
Често позира во спортски дуксери и знае да направи неколку селфиња.
А кој е тој?
Тој е 45-годишен адвокат кој до неодамна беше дел од системот на Орбан. Работел на позиции поврзани со државните институции и бил близок до владејачките структури. Тој беше најпрепознатлив во јавноста како сопруг на министерката за правда на Орбан, Јудит Варга, членка на Фидес. (Патем, тоа е неговата поранешна сопруга…)
Тој доби пошироко внимание дури на почетокот на 2024 година, во средината на скандалот околу претседателското помилување во случај на прикривање на педофилија, што доведе до оставка на неговата поранешна сопруга Варга од функцијата министер.
Маѓар потоа објави снимка од нивниот разговор, која претходно ја тајно ја снимил, во која Варга потврдува дека врвни владини помошници интервенирале во досиејата на обвинителството во уште еден голем корупциски скандал. Со ова драматично раскинување со елитата, тој започна метеорски подем од релативна анонимност. Тој го презеде водството на претходно непознатата партија Тиса и почна да прави енергични јавни настапи.
Маѓар вети дека ќе ги отфрли многу од најпроблематичните делови од програмата на Орбан. Тој вети дека ќе ги врати демократските контроли и рамнотежа и ќе ги поправи односите со ЕУ со цел да ги ослободи замрзнатите средства. Еден од првите чекори би можел да биде приклучувањето на Унгарија кон Европското јавно обвинителство (EPPO).
