Париз се разбуди со мурал со ликот на Хубер де Живанши


Франција- Суперголемиот портрет на Хубер де Живанши осамна во парискиот кварт Маре, три години по смртта на легендарниот дизајнер.

Givenchy Parfums го нарача делото, што претставува модерно толкување на познатата фотографија на Живанши од Виктор Скребнески. Во црно-бела боја, муралот има печат на улична уменост.

Висок два ката, на раскрсницата од Rue Vieille du Temple и Rue des Quatre-Fils, го прикажува дизајнерот во црна ролка и со бистар поглед.

Живанши, кој почина во март 2018 година на 91 година, се сметаше за вистински џентлмен на модата. Тој ја основа својата истоимена куќа во 1952 година и беше попознат на пошироката јавност како творец на филмската и личната гардероба на неговата долгогодишна муза, Одри Хепберн, во филмови меѓу кои “Breakfast at Tiffanys” и “Funny Face.”

Хепберн беше и инспирацијата на лансирањето на мирисите на Живанши, која прерасна во семејна империја повеќе од 40 години, основана под закрилата на починатиот брат на Живанши, Жан-Клод.

Во 1954 година, Живанши создал обичен цветен мирис за неговата пријателка и муза. Кога три години подоцна ја известил дека планира да го комерцијализира мирисот, Хепберн, наводно, изјавила: „Јас ти забранувам“, тврдење што го роди името на славниот парфем  L’Interdit (или забрането) .Следуваа други мириси, како Amarige и Very Irresistible.

Со своите совршени манири и дисциплина на старата школа, дизајнерот имаше истакнато присуство што ја обојуваше модната индустрија повеќе од 50 години. Зад себе остави модна куќа која ги дефинираше поимите за префинетост и елеганција.

Портретот на Живанши во Париз ќе остане до 21 март.(WWD)