„Памтим“-нова балада на Нина Бадриќ


Фото: А. Дамјановиќ

Хрватска– Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ, која со своите балади, рефрени и досетки ги погоди во срце убавите и дотерани гостинки на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ кон крајот на ноември, има нова балада-„Памтим“. 

Бадриќ го напиша текстот, а музиката ја потпишува заедно со Мартињак. Спотот е дело на Дарио Радусин.

Бадриќ е од оние изведувачи кои со години нижат хитови, а со својата боја на глас и песните ја обележа регионалната поп-сцена и вистинскиот живот на луѓето кои со неа се вљубуваа, се смееја, плачеа, растеа и старееа.